Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, најави дека ќе почне штрајк со глад со намера да ја убеди затворската управа да му обезбеди соодветна медицинска нега.
Веста се појави денес на инстаграм-профилот на Навални, објави „Ројтерс“.
– Објавувам штрајк со глад со намера да се почитува законот и да ми се дозволи посета на лекар кого јас ќе го изберам – гласи во написот од Навални, објавен од неговите адвокати.
Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години, а неодамна на неговата веб-страница беше објавено дека затворските стражари го мачат не дозволувајќи му да спие.