Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека се надева дека местото шеф на дипломатијата на ЕУ ќе го наследи некој посветен и кој ќе знае да ја консолидира работата постигната за време на неговиот мандат.
-Се надевам дека тоа ќе биде некој посветен и приврзан, кој доаѓа од сферата на надворешната политика, но и безбедноста и одбраната, за да работата која ние ја сработивме за четири и пол години да биде консолидирана, посебново областа на одбрана, безбедност и глобална стратегија на ЕУ – изјави Могерини.
ЕУ во моментов е во процес на избор на лица кои во наредните пет години ќе бидат на чело на нејзините најважни институции и наредните денови ќе се знаат имињата на кандидатите за наследници на Жан Клод Јункер, Доналд Туск, Федерика Могерини, Антониот Тајани и Марио Драги.