Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ги повика Русија, Иран и Турција да вложат напори со цел да стават крај на судирите во Сирија.
Таа истакна дека Русија, Иран и Турција имаат „посебна одговорност“ да обезбедат услови за прекин на огнот и да извршат притисок на сирискиот претседател Башар ал Асад да се врати на преговарачка маса.
– Гледаме ескалација на воените активности, што е спротивно на она што ветуваа дека ќе го направат, посочи Могерини.
Околу 80 земји, организации и партнери учествуваа на донаторската конференција во Брисел, а организаторите изразија надеж дека ќе им дадат поттик на мировни чекори под покровителство на ОН, со собирање на неколку милијарди долари хуманитарна помош.