Двајца цивили загинаа, а најмалку четворица се ранети во гранатирањето и ракетните напади врз либискиот главен град Триполи од страна на силите на одметнатиот генерал Халифа Хафтар, кој на тој начин го игнорира мировниот договор постигнат на берлинската конференција, пренесуваат светските медиуми.
Дваесет и три цивили загинаа, а 41 беше ранет, во нападите на милициите на Хафтар во изминатите безмалку два месеци, според податоците на либиското министерство за здравство.
Силите на генералот ги засилија нападите врз Триполи, особено во близина на аеродромот „Митига“.
Либиската армија завчера соопшти дека успеала да уништи складиште за муниција за тешко воооружување на силите на Хафтар.
Примирјето беше прекршено во повеќе наврати по неговото објавување на 12 јануари, додека политичките преговори под покровителство на Обединетите нации се во застој.