Хенд Заза, единаесетгодишното девојче од Сирија, очигледно си го оствари сонот и ќе настапи на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Токио. Таа се квалификува на Игритe откако победи на Азиските олимписки квалификации во пинг-понг.

Заза, всушност, ќе биде најмладата натпреварувачка во Токио, а петта по ред во досегашната историја на ЛОИ.
Според постојните податоци, грчкиот гимнастичар Димитриос Лундрас имал само 10 години кога настапил на првите ЛОИ во Атина, во далечната 1896 година.