Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европската унија треба да потпише договори за регулирање на движењето на мигрантите и со други држави освен Турција – пред се со државите од Северна Африка – а притоа како урнек да го има турскиот модел.
Меркел најави дијалог со Египет, Тунис и Мароко, земји кои се дел од големото движење на мигранти од Африка и Блискиот Исток кон Европа, преку Средоземно Море.
Во договорот со Турција, постигнат во 2016 година, турските власти се согласија да ја затворат својата граница за мигрантите од Блискиот Исток кои се упатуваа кон грчките острови, во замена за финансиски пакет и ветувања за визна либерализација и продолжување на преговорите за членство во ЕУ.