Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источен Медитеран.
Доаѓајќи на самитот на лидерите на ЕУ, таа истакна дека и покрај сите проблеми, Унијата има голем интерес за развој на конструктивни односи со Турција.
– Ние сме партнери во НАТО, зависиме едни од други кога станува збор за управувањето со миграцијата и ги поддржуваме кога станува збор за прием на голем број мигранти што се на нивна територија – вели Меркел.