Илјадници Словаци учествуваа на вчерашните протести во неколку градови, на кои побараа предвремени избори и слобода на медиумите. Демонстрантите, воедно оддадоа почит на новинарот Јан Куцијак, новинар кој во февруари беше убиен заедно со неговата свршеница, а кој истражуваше корупција во владата..
Локалните медиуми наведуваат дека на протестите во Братислава учествувале 25.000 луѓе, а во другите градови во Словачка демонстрациите биле помали.
Протестните настани беа организирани во пресрет на денот за кој беше закажана свадбата на убиениот новинар и неговата свршеница.
Демонстрантите носеа транспаренти со текст: „Сакаме избори”, „Затвор за Фицо” (поранешниот премиер) и „Не сме рамнодушни”.