Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (37), и принцот Хари (34) станаа родители на синот Арчи на 6 мај и се подготвуваат за крштевка. Британските медиуми пишуваат дека Меган и Хари ќе го крштеваат синот на 6 јули, точно два месеца по неговото раѓање.
Тие ја избраа приватната капела на кралицата Елизабета во замокот Виндзор, бидејќи сакаат интимно и тивко место кое е од особена важност за кралицата – вели кралскиот извор. Кралските крштевки обично се приватни, и на вив доаѓаат исклучиво најблиските членови на семејството, кумови и пријатели.
Меган и Хари сакаат крштевањето на синот да го прослават прво во кругот на семејството, а потоа фотографиите да ги објават во јавноста. Сè уште не е познато кој ќе му биде кум на Арчи.