Непознат напаѓач во германскиот град Вирцбург убил три лица со нож, јавуваат локалните медиуми.

Според нивните информации, за време на нападот биле повредени шест лица.

 

Некои невооружени минувачи се обиделе да му се спротивстават на напаѓачот со нож, но без успех, сè додека не пристигнала полицијата, која според написите во медиумите, морала да го рани напаѓачот, а дури потоа го разоружала и уапсила.

Засега нема информации кој е тој и кои се неговите мотиви за нападот.