САД нема да го признаат легитимитетот на неодамна избраниот венецуелски претседател Николас Мадуро и ќе го зајакнат притисок врз неговиот режим, изјави денеска советникот во Белата куќа за национална безбедност, Џон Болтон.
– САД не ја признаваат незаконската инаугурација на диктатурата на Мадуро. И понатаму ќе го засилуваме притисок врз тој корумпиран режим, ќе го поддржуваме демократското Народно собрание и ќе повикуваме на слобода и демократија во Венецуела – објави Болтон на Твитер.
Николас Мадуро на 20 јули победи на претседателските избори што ги бојкотираше опозицијата, и тој од денеска официјало го почна својот втор шестгодишен мандат.
ЕУ, повеќе држави од Јужна Америка и Канада исто така нагласија дека нема да го признаат вториот мандат на венецуелскиот претседател.