Илјадници Шпанци се собраа денеска на улиците на Мадрид со барање до Владата да преземе чекори за запирање на депопулацијата на руралните области.
Маршот е организиран од движења кои доаѓаат од руралните области на таа земја , а неговата цел е да привлече внимание кон проблемот со зголемената имиграција на жителите во големите градови во Шпанија.
-Веќе не сакаме празни ветувања, сакаме инвестиции – порачаа собраните граѓани.
Во Шпанија, 90 отсто од населението живее на 30 отсто од нејзината територија, пред се во Мадрид и во крајбрежните области, додека преостанатите површини остануваат празни.
Околу 80 проценти од селата и градовите со помалку од илјада жители се соочуваат со ризик да останат целосно празни.
Шпанската Влада во петокот објави мерки за подобрување на интернет-мрежата во руралните средини.
Маршот доаѓа пред парламентарните избори што ќе се одржат во Шпанија на 28-ми април.