Авиокомпанијата „Луфтханза“ откажа повеќе од 800 летови од германски аеродроми поради штрајк, јави АФП.
Германски синдикат соопшти денеска дека негови членови утре ќе организираат штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт.
Штрајк ќе биде организиран и на аеродромот во Минхен.
Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација.
Синдикатите бараат зголемување на платите за шест отсто или најмалку 200 евра за 2,3 милиони вработени во јавниот сектор