Нови лажни дојави за бомби на аеродромите, во училиштата и градинките предизвикаа вознемиреност во Москва.
Пријавените дојави за поставени бомби на аеродромите во Москва „Шереметјево“ и „Домодедово“ се покажаа како лажни. Според агенцијата Тасс, полицијата и единиците за кучиња внимателно извршиле увид во просториите на двата аеродрома и немало евакуација.
Лажни дојави за бомби пристигнаа и за седум метро станици во Москва, 11 судови, повеќе од 15 училишта и градинки, како и две згради на Московскиот државен универзитет за лингвистика, Рускиот државен универзитет за земјоделство Тимирјазав и московскиот Државен универзитет за психологија и едукација.
ани досега беа лажни.