Лажна била тревогата за постоењето на бомба во куфер на главната железничка станица во Барселона, поради што утрово два воза беа евакуирани.
При скенирање на патнички куфер, била забележана содржина што би можело да биде бомба, заради што биле алармирани безбедносните служби.
И во Мадрид евакуацијата исто така била предизвикана од сомненија за експлозивна направа. По извршената проверка, железничката станица била повторно отворена, соопшти шпанската полиција и прецизира дека и во овој случај се работело за лажна тревога.