Москва не се меша во внатрешните работи на САД и остро се спротивставува на надворешното мешање во внатрешните работи на Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на Руската амбасада во Вашингтон во која се вели дека антируската предизборна реторика довела до невидено влошување на односите меѓу двете земји, пренесува ТАСС.
– Некои луѓе имаат опсесија да ја обвинуваат Русија за мешање без да понудат докази – истакна Песков.
Москва тврди дека никогаш немало мешање.
– Русија не се меша со внатрешните работи на другите земји и остро се спротивставува на надворешното мешање во руските работи – истакна портпаролот на Кремљ.
Амбасадата претходно соопшти дека антируското чувство во меѓупартиската борба во САД веќе доведе до невидена деградација на билатералните односи. Амбасадата повтори дека Русија не ги нарушува домашните процеси во другите земји и ги повика политичарите да престанат да излегуваат со неосновани обвинувања, изразувајќи длабока загриженост за новиот пресврт во шпекулациите за наводното руско мешање на изборите во САД.