Десет претенденти за претседател на САД се судрија во првата ТВ-дебата од внатрепартиската трка на Демократската партија за избор на кандидат што ќе се обиде да го извади Доналд Трамп од Белата куќа во 2020 година.
Од вкупно 24 демократски кандидати, анкетите покажуваат дека гласачите веруваат дека бившиот потпретседател Џо Бајден има најголеми шанси да го победи Трамп на изборите во 2020 година.
Но предноста на Бајден во однос на другите кандидати исчезнува кога гласачите одговараат на прашањето кого би избрале кога би можеле со магично стапче веднаш да го претворат кандидатот во нов претседател на САД. Во таков случај, речиси еднаков процент регистрирани гласачи би ги претвориле сенаторката Елизабет Ворен, сенаторот Берни Сандерс и бившиот потпретседател Џо Бајден во нов претседател на САД.
Инаку, реакцијата на Трамп на ТВ-дебатата на демократските кандидати за претседател беше кратка. Тој на Твитер напиша: „Досадно“.