Во Хонгконг училиштата ќе бидат затворени до 16 март за да се спречи ширењето на коронавирусите во градот, каде што се потврдени 50 случаи слични на грип, пренесува „Ројтерс“.
Градскиот секретар за образование Келвин Џунг изјави дека основците и средношколците од продолжениот распуст нема да се вратат во клупите до половината од март.
Одлуката е донесена на советот на здравствените работници. АП потсетува дека учениците требало да се вратат на училиште на 17 февруари, но тогаш паузата е продолжена до 2 март. Во Хонгконг досега едно лице почина од коронавирусот.