Полицијата во италијанскиот град Потенца тврди дека открила криминална мрежа која нашла начин да се инфилтрира во судската зграда. Секојдневно во период од над три години, обвинителите и истражителите кои работеле на криминалните случаи, пиеле кафе во бифето на судот што било под контрола на моќен мафијашки клан, пишува „Њујорк тајмс“.
– Тие беа во нашиот дом – вели Франческо Курчио, главниот обвинител во Потенца.
Бифето претставувало параван за потенцијално перење пари, како и за стекнување информации од судот, според судските документи. А скриените камери поставени од истражителите откриле како персоналот во бифето му се поклонува на шефот на мафијата кој бил во судот. Тригодишната истрага била држена во тајност дури и во обвинителството.
Откритијата во Потенца предизвикаа загриженост оти криминалните организации се шират и стануваат подрски, но и за информациите кои мафијата можела да ги добие во текот на посетата на обвинителите и адвокатите во бифето.