Кина стана втората земја чие летало успешно слета на површината на Марс, по САД, откако Тајнвен-1 го спушти роверот „Џуронг“ на ледениот дел на црвената планета, познат како Утопија Планитија, објави „Синхуа“.
На роверот именуван по стар бог на огнот му беа потребни над 17 минути да ги расклопи своите соларни панели и антена и да испрати сигнали до контролата на Земјата. Неговата. „Џуронг“ е со задача да ги проучи почвата и атмосферата на Марс.
Кинескиот претседател Си Џинпинг им честиташе на сите вклучени во оваа историска мисија.