Комунистичката партија на Кина остро ги критикуваше американската демократија и Глобалниот самит за демократија, чиј домаќин следната недела ќе биде американскиот претседател Џозеф Бајден.
Тиан Пејан, заменик-директор на канцеларијата за истражување на политиката на Кинеската комунистичка партија, рече дека пандемијата ги открила недостатоците во американскиот систем.
Партиските претставници се прашуваа како една поларизирана земја, која беше невнимателна со ковид-19, може да им држи предавања на други и рекоа дека се прават напори да се принудат другите да не ги копираат западните демократски модели осудени на пропаст, објави АП.