Кина денес објави дека го одложува најважниот политички состанок во годината поради избувнување на коронавирусот.
Овој потег ја означува важноста што претседателот Си Џинпинг ја става на борбата против вирусот, од кој починаа над 2.500 луѓе и се заболени повеќе од 77.000 во континентална Кина.
Избувнувањето претставува еден од најголемите политички предизвици за кинеската администрација, откако Си Џинпиг ја презеде контролата врз владејачката партија во 2012 година. Годишната средба на Националниот народен конгрес и нејзиното главно советодавно тело вообичаено започнува околу 5 март и трае повеќе од две недели, при што илјадници делегати доаѓаат во Пекинг.