Кина би можела да им ја исклучи струјата на Филипините, оневозможувајќи ја националната електрична мрежа на земјата. Кинеската компанија „Стејт грид корп“ поседува 40 отсто од акциите во филипинската „Нешнл грид корпорејшн оф Филипинс“, која раководи со единствениот далновод во островската земјата. Поради тоа, член на филипинскиот Сенат го постави прашањето за тоа дали хегемонистичките амбиции на Кина претставуваат безбедносна закана за Филипините. Двете земји имаат територијален спор во Јужно Кинеско Море, пренесува Би-би-си.
– Ѝ дадовме 40 проценти од нашата електрична мрежа на странска корпорација, која има интереси спротивни на нашата земја во Западно Филипинско Море. А таа земја очигледно има хегемонистички амбиции – порача сенаторот Ричард Гордон.
Во извештајот до Сенатот се наведува дека иако електричната енергија во земјата може да биде исклучена од далечина, Филипините би ја вратиле во употреба во период од 24 до 48 часа.