Советникот за надворешна политика на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, Чунг Ин-мун, изјавил дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е жив и здрав и дека од 13 април се наоѓа во областа Вонсан.
– Засега не се забележани никакви сомнителни движења – рекол тој, пренесе „Њузвик“.
Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким Јонг-ун е влошена, а многумина шпекулираа и дека е починат.
Вчера беа објавени и сателитски снимки од воз, кој најверојатно му припаѓа на Ким, паркиран на железничка станица во Вонсан.
Ким не се појавил во јавност од 11 април, а се споменуваше дека имал операција на срцето и дека е во лоша здравствена состојба.
Претходно, денеска на социјалните мрежи се појави фотографија на која наводно се гледа Ким во стаклен ковчег, но без потврда за автентичноста на фотографијата, ниту дали се работи за монтажа.