Каталонскиот парламент денеска го избра Ким Тора за претседател на регионалната Влада.
За Тора, кој важи за приврзаник на тврдокорното крило на каталонските сепаратисти, гласаа 66 пратеници, додека 65 беа против.
Тора беше предложен од поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон. Со неговиот избор спречени се нови избори.