Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови.
Судот во Ерусалим ја прифати спогодбата што Сара ја постигнала со обвинителството откако признала дека злоупотребила 100.000 долари државни пари за скапа храна во ресторани.
Канцеларијата на државниот обвинител сопшти дека сопругата на премиерот ќе плати дополнителна казна за да се затвори случајот во кој е обвинета дека нарачувала храна од луксузен ресторан иако во резиденцијата имало вработено готвач.
Нетанјаху, пак, е соочен со можни обвиненија за одвоени случаи на корупција.