Италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези најави дека на претстојниот Самит на НАТО во Брисел ќе побара пренасочување на ресурсите на Алијансата од источните кон јужните граници на Европа, со поголем ангажман за спречување на илегалната миграција.
Миланези рече дека Италија има докази за уфрлање на исламисти меѓу големите групи мигранти кои влегоа во земјата во изминатите години преку морската рута од Либија. Поради тоа, Миланези оцени дека мигрантската рута е директна закана за безбедноста на Европа.
– Ние цврсто ќе побараме врвот на НАТО да ги пренасочи своите ресурси кон Средоземното Море. Мора да имаме еднаков ангажман како на источната, така и на јужната линија- изјави Миланези.
Неодамна формираната Влада на националистичкото движење Лига и протестната партија М5С почна да ги враќа мигрантските бродови што доаѓаа од Италија. Во исто време, Владата на премиерот Џузепе Конте најави и поблиска соработка со Русија.