Италијанскиот социјалист Давид-Марија Сасоли денеска е избран за претседател на Европскиот парламент, објави „Ројтерс“.
Сасоли (63) беше избран во вториот круг од гласањето и на оваа позиција ќе го замени неговиот сонародник Антонио Тајани.
Мандатот на претседателот на ЕП е две и пол години.
Сасоли е поранешен новинар кој потекнува од Фиренца, а пратеник во Европскиот парламент е веќе една деценија.