Италијанските власти соопштија дека неименуван 25-годишен човек е под истрага поради хакирање осум сајтови на НАСА во 2013 година.
Осомничениот за кого се верува дека е припадник на италијанската хакерска група Master Italian Hackers Team, се фалел за своите напади на социјални мрежи.
Освен тие сајтови тој хакирал и 60 италијански официјални сајтови меѓу кои и на РАИ, Кривичната полиција и локалните власти во Тоскана.
Осомничениот е од градот Сало на север во Италија и признал дека ги хакирал сајтовите.