„Исламска држава“ презеде одговорност за нападот во Торонто, во кој загинаа две лица, а 13 беа повредени, јави агенцијата на групата АМАК.
– Напаѓачот беше војник на „Исламска држава“ и го изврши нападот како одговор на повиците за цели да се избираат граѓани на земји од коалицијата – соопшти „Исламска држава“ без да даде повеќе детали или докази за своите тврдења.
Полицијата во Торонто вчера го објави името на напаѓачот кој во неделата, пукајќи во ресторани и кафулиња, уби 10-годишно девојче и 18-годишна девојка, и рани уште 13 лица.
Станува збор за 29-годишниот Фаисал Хусеин.
Членовите на неговото семејство рекле дека тој бил ментално болен и оти се „борел со психоза и депресија цел живот“.
Хусеин беше убиен за време на нападот во престрелка со полицијата.