Ирачкиот премиер Мустафа ал Казими синоќа се извлекол неповреден во нападот со беспилотно летало наполнето со експлозив врз неговата резиденција во Зелената зона во Багдад.
Два безбедносни извори претходно потврдија дека резиденцијата на премиерот била погодена, додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестираа на влезот во Зелената зона против резултатите од предвремените парламентарни избори на 10 октомври.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.