Иран привремено ослободи повеќе од 54.000 затвореници за да се справи со ширењето на новиот коронавирус во преполните затвори, пренесува „Би-би-си“.
Портпаролот на судот Голамхосеин Есмаили рече дека ги ослободил затворениците откако биле тестирани на коронавирус. Сите оние кои беа негативни на „Ковид-19“ беа ослободени со кауција привремено. Затворениците осудени на казна затвор повеќе од пет години нема да бидат ослободени, пренесува „Би-би-си“.
Меѓу оние кои би можеле привремено да бидат ослободени е и британско-иранската хуманитарна работничка Назанин Загари-Ратклиф, која беше осудена на пет години затвор во 2016 година поради здружување за соборување на иранскиот режим, пренесуваат „Независне новине“.
Таа ги негираше сите обвиненија. Постои можност Загари да биде ослободена денес, објави британската портпаролка Тулип Сидик на „Твитер“.
Вирусот уби најмалку 92 луѓе во Иран за помалку од две недели. Досега во оваа земја се заразени 2 922 лица. Меѓу заразените се 23 членови на иранскиот парламент.