Иранското раководство нема да го промени курсот на својата политика ако САД не ги тргнат санкциите кон Техеран, изјави виранскиот претседател Хасан Рохани, пренесува ТАСС.
– Иран ќе продолжи да ги намалува своите обврски од нуклеарниот договор ако не се тргнат санкциите на САД. Разговорите со САД ќе станат можни само ако се укинат санкциите. Инаку, ништо нема да се промени – рече тој.
Рохани истакна дека Иран никогаш не се обидел да поседува нуклеарно оружје.
– Што се однесува до нуклеарниот договор, ние ќе продолжиме да комуницираме со другите потписници – рече тој.
На 8.05.2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп најави повлекување на Вашингтон од иранскиот нуклеарен договор. Тој рече дека старите санкции за Иран ќе бидат обновени, а нови ќе бидат воведени во случај Техеран да се обиде да ги реализира своите нуклеарни амбиции.
Првата серија нови санкции од САД врз Иран стапи на сила на 7 август, а втората стапи на сила на 5 ноември.
На 8 мај 2019 година, иранскиот претседател Хасан Рухани објави дека Техеран ги намалува обврските во рамките на ЗКПОА. Тој посочи дека другите потписнички, пред се земјите на ЕУ, не успеале да ги исполнат своите економски обврски од договорот,. Рохани потоа им даде рок од два месеци кој истече на 7 јули.
На 8 јули, портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Бехруз Камалванди, изјави дека Техеран го надминал нивото на збогатување на ураниум од 4,5 отсто. Иран соопшти дека ќе продолжи постепено да ги намалува своите заложби за договорот на секои 60 дена, освен ако другите потписнички не ја обноват усогласеноста.