Иран е подготвен да разговара со Соединетите Американски Држави, доколку Вашингтон ги укине санкциите и се врати на нуклеарниот договор од 2015 година, порача иранскиот претседател, Хасан Рохани.
– Секогаш сме верувале во дијалог. Ако ги укинат санкциите, завршат со наметнатиот економски притисок и се вратат на договорот, ние сме подготвени да разговараме со САД уште денеска, и тоа, било каде – изјави Рохани, пренесе „Ројтерс“.
Тензиите помеѓу Техеран и Вашингтон се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се повлече од нуклеарната спогодба со Иран и повторно ги воведе санкциите кон земјата што беа укинати, според договорот.