Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гахеми денеска изјави дека ако американскиот претседател Доналд Трамп сака да преговара за повлекување на САД од меѓународниот нуклеарен договор со Техеран, ќе мора да го повика Техеран.
Гахеми реагира на неодамнешната изјава на Трамп дека еден ден Техеран ќе го побара Вашингтон и ќе рече „ајде да се договориме“.
– Можеби еден ден тој (Трамп) ќе го повика Техеран и ќе побара преговори, тоа е поверојатно – истакна Гасеми.