Иранскиот танкер, кој беше во центарот на конфликтот Вашингтон – Техеран, денес повторно го смени курсот и се упати кон Турција, покажуваат податоците на сајтот за следење на поморскиот сообраќај „Марин трафик“.
Танкерот „Адријан Дарја“, наводно, се упатил кон Искендерун, град во југоисточна Турција, кој е оддалечен околу 200 километри од рафинеријата во Банијас во Сирија, за која се верува дека била неговата првична дестинација.
Ова е третпат кога еден танкер што носи два милиони барели нафта ја менува дестинацијата за само десет дена.