Од почетокот на пандемијата, севернокорејската валута вон ослабе во однос на американскиот долар за 30 проценти, а во однос на кинескиот јуан за 40 проценти. Севернокорејските бегалци во Јужна Кореја велат дека цените на храната скокнале од три до десет пати. Според американскиот аналитичар Вилијам Браун, стабилноста на валутата досега беше одлика на владеењето на младиот лидер Ким. Затоа, „острите амплитуди“ на цените и девизните курсеви може да донесат ризик од зголемување на нивото на јавен очај
Што се случува во Северна Кореја
Северна Кореја досега не пријавила ниту една инфекција со коронавирус до Светската здравствена организација (СЗО). Ова се наведува во последниот извештај на здравствената организација, каде што меѓу другото стои дека од 18 до 24 јуни биле тестирани 711 лица со симптоми слични на грип или тешки акутни респираторни инфекции, но кај нив не е потврден коронавирусот. Извештајот следува неколку дена откако севернокорејските државни медиуми објавија дека лидерот Ким Џонг Ун одржал итен состанок на Политбирото како одговор на „сериозен“ инцидент поврзан со напорите за спречување на пандемијата во државата. Но некои набљудувачи во Јужна Кореја го толкуваат ова како индикација за голем број случаи на инфекција со коронавирус и криза во земјата.
– Се чини дека голем проблем со антивирусната кампања се појави во градовите Синују и Хиесан, на границата со Кина – рече Чеонг Сеонг Чанг, директор на Центарот за севернокорејски студии на институтот „Сејонг“ во Сеул. Државниот врв никогаш не му признал никому дека се случил потежок бран на коронавирус – изјави за агенцијата АП, Хонг Мин од Корејскиот институт за национално обединување во Сеул.
Со оглед на тоа што владините лидери беа јавно прекорени, мораше да се случи нешто големо. Други аналитичари сметаат дека со давање изјава за „големата криза“, Ким всушност сака да моли за странска помош.
Во итни ситуации, ако сака, Северна Кореја може да смета на Пекинг – рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Ванг Вениб, на 30 јуни, без да спомене за испорака на вакцини.
Во првата половина на годината, Северна Кореја требаше да прими 1,7 милион дози вакцина „Астра Зенека“ преку програмата „Ковакс“ за земјите во развој. Но, според јапонски извори, испораката била одложена, бидејќи Северна Кореја не ги почитувала прописите и сакала да избегне контакти со странци. Доколку вирусот навистина се проширил во земјата, тоа може да биде тежок удар за режимот. Строгата блокада од почетокот на пандемијата дополнително ја ослабна економијата, која веќе се мачи под меѓународните санкции и последиците од тајфунот минатата година. Поради тоа, според набљудувачите на „Дејли НК“, интернет-портал од Сеул, имало големи осцилации на девизниот курс и цените на храната.
Од почетокот на пандемијата, севернокорејскиот вон ослабе во однос на американскиот долар за 30 проценти, а во однос на кинескиот јуан за 40 проценти. Севернокорејските бегалци во Јужна Кореја велат дека цените на храната скокнале од три до десет пати. Според американскиот аналитичар Вилијам Браун, стабилноста на валутата досега беше одлика на владеењето на младиот лидер Ким. Затоа, „острите амплитуди“ на цените и девизните курсеви може да донесат ризик од зголемување на нивото на јавен очај.
– Од одредена точка, инфлацијата може да стане многу поголем непријател на стабилноста од САД – напиша Браун во анализата на американскиот аналитички центар „Стимсон“.
Понатаму, во извештајот на националната новинска агенција КЦНА, исто така, се наведува дека Ким побарал „пожестока партиска кампања против идеолошки грешки и сите видови негативни елементи“. Можеби предупредувањето за кризата треба да ја „заостри внатрешната дисциплина“, шпекулира службеникот на Министерството за обединување во Сеул. Политбирото се занимаваше и со избор на нови членови, како и секретар на Централниот комитет. Тоа може да биде жесток рез во хиерархијата, со оглед на тоа што набљудувачите на Џо Јонг фон го гледаа како можен број два, веднаш зад Ким. Сепак, шефот на државата би можело да биде заменет и од премиерот Ким Ток хун, за да ја покаже својата моќ пред светската јавност.