Индија може да забрани употреба на приватни возила во главниот град, Њу Делхи, ако загадувањето на воздухот, кое има сериозни нивоа во последниве денови, се влоши, изјави висок официјален претставник.
-Да се надеваме дека ситуацијата со загадувањето на воздухот во Њу Делхи нема да се влоши, но ако се покаже како итна ситуација, ќе мора да забраниме употребата на приватен транспорт – вели Бхуре Лал, претседател на Управата за контрола на загадувањето на животната средина (ЕПЦА).
– Постои комисија која ќе ме советува за ова – рече тој.
ЕПЦА, назначена од индискиот Врховен суд, веќе предложи да се прекине со градежни работи во Њу Делхи, употреба на дизел генератори, печки од цигли и согорување на ѓубрето помеѓу 1-ви ноември и 10 ноември, кога нивото на загадување се очекува да се зголеми.