Обвинителството во Анкара денеска издаде потерници за 99 лица поради врски со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), обвинета за обидот за државен удар во 2016 година, пишува „Сабах”.
Меѓу осомничените се командир и 30 поранешни пилоти на воздухопловни сили на Турција.
Безбедносните сили започнаа и операции за апсење на 22 војници од активниот состав поврзани со ФЕТО, во 13 окрузи на земјата. Акциите се во рамките на истрагата во турската северозападна област Балукесир.
Друга операција, за апсење на 71 војници, поврзани со ФЕТО, се врши во 16 окрузи како дел од истрагата во округот Коџаели, исто во северозападниот дел на Турција.
Според турските власти, групата ФЕТО на муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стои зад обидот за државен удар во Турција во 2016 година. Пет дена по пучот во земјата беше воведена вонредна состојба, што трае и до денес. По државниот удар, десетици илјади луѓе беа притворени или отпуштени од работа од јавниот сектор во рамките на кампањата на властите.