Умерен земјотрес денеска е регистриран во близина на источниот брег на Јапонија, а засега нема предупредување од појава на цунами, ниту информации за повредени луѓе и причинета материјална штета.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12,1 километри, 243 километри источно од градот Офунато.
Офунато беше разурнат во земјотресот со интензитет од девет степени според Рихтер и цунамито што ја погодија Јапонија во 2011 година, кога загинаа повеќе од 18.000 луѓе.