Осум земји-членки на Европската Унија (ЕУ) повикаа на поамбициозни мерки за справување со климатските промени во пресрет на европскиот самит во Сибиу, Романија.
Белгија, Данска, Франција, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска ја повикаа ЕУ да ги намали емисиите на штетни гасови на нула до 2050 година. Тие исто така бараат најмалку една четвртина од буџетот на ЕУ да биде наменет за проекти за борба против климатските промени.
Во документ објавен од овие земји, се истакнува дека климатските промени можат да имаат сериозни импликации за иднината на човештвото и дека нивното влијание веќе се чувствува низ ЕУ.
Групата, исто така истакна дека климатските промени веќе се „предмет на зголемена загриженост кај европските граѓани“ и дека лидерите на ЕУ имаат обврска што побрзо да го решат ова прашање.
Во однос на европскиот буџет, групата истакна дека ЕУ не треба да финансира никакви политики што се штетни за оваа цел.
Португалија, една од осумте земји кои повикуваат на повеќе акција против климатските промени, забележа најголемо намалување на емисиите на јагледроден диоксид во 2018 година, според проценките на „Еуростат“. Другиот член од групата што се најде на оваа листа беше Холандија.
Според бројките, Луксембург беше меѓу земјите што забележаа високо зголемувања во споредба со минатата година. Земјата со најголема емисија на јаглероден диоксид е Латвија.