Украина очекува темелна истрага и признавање вина, како и отштета од Иран за соборувањето на украинскиот патнички авион, порача претседателот на државата, Володомир Зеленски.
– Иран се изјасни виновен за соборувањето на авионот, но ние инсистираме на целосно признавање на вината – навел Зеленски во соопштение, откако иранската војска објави дека по грешка го соборила авионот со ракета.
Зеленски навел дека Украина очеува од Иран да се обврзе дека е спремен да спроведе темелна и отворена истрага и да ги доведе одговорните пред лицето на правдата, да ги врати телата на загинатите, да исплати отштета и официјално да се извини преку дипломатските канали.
Иранската војска испрати извинување наведувајќи дека ќе ги усоврши своите системи за да не се повторат вакви трагедии.