Британските парламентарци во првото гласање го поддржаа нацрт-законот за блокирање на брегзит без договор, што може да го натера премиерот Борис Џонсон да побара избори, пренесува Би-би-си.
Пратениците од опозицијата и Ториевците обезбедија доволно гласови законот да ја помине првата фаза на гласање со 329 гласа „за“ и 300 „против“.
Доколку законот биде целосно усвоен ќе го присили премиерот да побара продолжување на рокот за брегзит по 31 октомври, доколку не се постигне договор со ЕУ.
Џонсон, сепак, предупреди дека ќе побара итно гласање за предвремени избори ако законот помине.
Пратениците сега разговараат за амандманите на нацрт-законот пред второто гласање, закажано за 19 часот по локално време.