Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, во име на сите 27 земји членки на Унијата упати остра осуда за затворската казна изречена против опозицискиот лидер Алексеј Навални.
– Европската Унија ја осудува одлуката на руските власти да го казнат Навални и смета дека ова е неприфатливо колку што е и политички мотивирано. Одлуката е спротивна на обврските на Русија кон меѓународните и човековите права – порача Борел преку писмено соопштение.
Навални вчера беше осуден на две години и осум месеци затворска казна, неколку недели откако побегна од Русија за Германија на лекување.