Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска закана за регионалната безбедност.
– Во време кога тензиите се високи, овој напад ги поткопува тековните напори за деескалација и дијалог – се наведува во соопштението. ЕУ смета дека е важно да се утврдат фактите и одговорноста за тој „срамотен чин“.
Европската Унија го повторува повикот за максимална воздржаност и деескалација. Нападот на двете нафтени постројки во Саудиска Арабија влијаеше на глобалното снабдување со нафта и го преполови производството на нафта на Саудиска Арабија.