Најмалку 55 луѓе загинаа, а 36 се повредени во експлозија на камион цистерна на стотина километри од меѓународниот аеродром во престолнината на Нигер, Нијамеј.
– Билансот на загинати во експлозијата е 55 мртви и 36 ранети. Жртвите беа јагленосани – изјавил портпаролот на министерството за внатрешни работи.
Според очевидци, цистерната која пренесувала бензин се превртела на пруги на излезот од градот. Жртвите се обидувале да соберат бензин кој истекувал од цистерната во моментот кога се случила експлозијата, пренесе „Франс прес“.