Во експлозија на Западниот брег, за која Израел ја обвинува Палестина, убиена е 17-годишна девојка, а нејзините татко и брат се ранети, соопштија израелските власти.
Првично беше објавено дека тројца Израелци се ранети во експлозија во населбата Долев, северозападно од Ерусалим, но властите подоцна соопштија дека девојката починала, а нејзиниот брат е во критична состојба.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху го осуди нападот и порача дека виновниците ќе бидат гонети, а израелската населба во окупираниот Западен брег ќе биде „зајакната“.
За време на експлозијата семејството било во близина на изворот на вода. Засега не е познато дали експлозивот бил фрлен кон нив или претходно бил поставен на тоа место, пренесе „АП“.
Од друга страна, лидерот на Хамас во Газа, Ислаим Ханије го поздрави нападот нарекувајќи го „херојска операција“.
Тој не ја презеде одговорноста за нападот, но ги пофали напаѓачите без оглед на тоа кои се тие.