Во експлозија во хемиска фабрика во југозападниот дел на Кина загинаа 19 лица, а 12 се повредени, соопштија утрово локалните власти.
Експлозијата се случила синоќа во индустрискиот комплекс во градот Јибин во провинцијата Сечуан.
Повредените се во стабилна состојба и префрлени во болница. Се уште не е позната причината за експлозијата во фабриката на компанијата Хенгда.
Најголема експлозија во фабрика во Кина се случи во 2015 година во магацин за хемиски производи, при што настрадаа 165 лица.