Најмалку пет лица се повредени во голема експлозија што се случи ноќеска во Стокхолм, соопшти шведската полиција, а најмалку двајца од повредните се пренесени во болница.
Според локални извори, експлозијата се случила во индустриска зона, а предизвикана е штета на неколку згради.
Портпаролот на полицијата Фредрик Андерсон изјави дека тоа подрачје е затворено и оти е почната истрага.
Андерсон додаде дека во овој момент полицијата не може да ја наведе причината за инцидентот и оти ќе биде спроведена истрага.