Експлозија одекна денеска во деловниот центар „Панорама“ во центарот на Москва, недалеку од словачката амбасада, а според руските медиуми, нема жртви.
Се верува дека експлозијата се случила на 9. кат од деловниот центар, поради проблеми во котларницата, јави канал на „Телеграм“ повикувајќи се на извор од службите за итни случаи.
Медиумите претходно објавија дека експлозијата се случила во зградата на амбасадата на Словачка во Москва.
На социјалните медиуми се објавени снимки од местото експлозијата, на кои се евидентни оштетувањата на деловниот центар, а од експлозијата испукале и прозорците на околните згради.
В Москве в здании бизнес-центра на 2-й Брестской улице произошел взрыв.
На 9-м этаже здания выбиты все стекла. pic.twitter.com/ml512x0Mo0
— baza (@bazabazon) April 9, 2020